• English
  • Македонски

Сместен во боровата шума во населбата Св. Стефан, на 4км од Охрид и 100 метри од езерското крајбрежје, Хотел Белведере е бренд што нуди широк спектар на услуги и комфорт, уживајќи во прекрасните погледи на Охридското езеро.

Со перфектниот баланс помеѓу класичната елеганција и модерното уредување, 4 ѕвездениот хотел Белведере нуди 89 ново декорирани соби, две семинарски сали, еден модерен хотелски и два традиционални ресторани во центарот на градот Охрид, пијано лоби бар, антикварница, сопствен паркинг.

Со Вашето доаѓање, ќе ја почуствувате пријатната атмосфера и уникатниот амбиент. Од елегантното лоби со класични инструменти и антиквитети до комфортното опремени соби со воодушевувачки погледи, овде ќе ја пронајдете вистинската убавина и желбата да повторно се вратите.